АКО ДРЖАВИТЕ ОСЛАБАТ ОД КОВИД-19 НЕМА ДА МОЖАТ ДА ГИ СОПРАТ МИГРАНТИТЕ, РЕЧЕ УНГАРСКИОТ МИНИСТЕР СИЈАРТО ЗА ДОНАЦИЈАТА НА МАСКИ И СКАФАНДЕРИ

    АКО ДРЖАВИТЕ ОСЛАБАТ ОД КОВИД-19 НЕМА ДА МОЖАТ ДА ГИ СОПРАТ МИГРАНТИТЕ, РЕЧЕ УНГАРСКИОТ МИНИСТЕР СИЈАРТО ЗА ДОНАЦИЈАТА НА МАСКИ И СКАФАНДЕРИМинистерот Сијарто во Скопје допатува со воен карго авион, а на аеродромот го пречека вицепремиерот Бујар Османи.(Фото: Фејсбук)

    Унгарија донираше 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери за здравствените работници во земјава. Медицинската помош лично на нашите власти ја врачи министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, кој во Скопје допатува со воен карго авион.

    Унгарскиот министер по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров кажа дека имаат одлична соработка со Кина од каде постојано пристигнува медицинска опрема, која ја донирале на соседите, а сега и на Северна Македонија.

    „Со оваа донација сакаме да помогнеме во борбата со оваа светска криза. Ние водиме одговорна политика кон соседите и на сите им дадовме помош. Ако овие земји ослабат во било кој поглед тогаш и нивните капацитите за одбрана се намалуваат. Доколку во таква ситуација се соочат со една мигрантска криза нема да можат да го запрат тој притисок. А ние имаме интерес со тој притисок да се справуваат што подалеку од нас. Затоа успеавме да ја донесеме оваа помош. Ние имаме одлична соработка со Кина од каде постојано пристигнува медицинска опрема“, рече Сијарто.

    Министерот Никола Димитров кажа дека „во овие вонредни околности посета на министерот Сијарто зборува многу повеќе од зборови, во смисла на пријателството и посветеноста“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира