АКО НЕМА ПРОЧИСТУВАЊЕ, ОСТАНУВА ЈАС ДА СЕ КАНДИДИРАМ ЗА ШЕФ НА ПРАВОСУДСТВОТО, ВЕЛИ ЗАЕВ

    АКО НЕМА ПРОЧИСТУВАЊЕ, ОСТАНУВА ЈАС ДА СЕ КАНДИДИРАМ ЗА ШЕФ НА ПРАВОСУДСТВОТО, ВЕЛИ ЗАЕВЗаев рече дека прочистувањето на чесните од нечесните судии и обвинители, треба да почне веднаш. (Фотп: Ѓ.Личовски)

    Само процесот на прочистување на судии и обвинители ќе даде резултат, друго што останува е јас да се кандидирам за шеф на правосудството, кажа премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за одлуката на Апелациониот суд за укинување на притворите за Сашо Мијлков и Мендух Тачи во случајот „Титаник 2“.

    Тој рече дека прочистувањето на чесните од нечесните судии и обвинители, треба да почне веднаш и само така ќе се врати довербата на граѓаните во правосудството.

    „Тоа не е ветинг, ветинг прави Албанија. Треба да се направи прочистување со кое сите оние чесни судии и обвинители, ќе се одвојат од оние кои се нечесни или не треба повеќе да работат во правосудството. Можеби се чесни, но имаат судир на интереси. Некои може немаат судир на интереси, но имаа материјална состојба која е индикативна за самите процеси. Немешајќи се во судските одлуки, само процесот на прочистување ќе даде разулат, друго што останува е да се кандидирам за шеф на правосудство. Но, јас не бев кандидат за шеф на провосудство, туку за премиер“, рече Заев.

    Заев кажа дека чека да го види образложението на Апелација зошто случајот „Титаник 2“ е вратен на повторно судење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира