АКТЕРКАТА СИЛВИЈА СТОЈАНОВСКА ЗА УЧЕСТВО ВО ШВЕРЦ НА 700 КИЛОГРАМИ КОКАИН ДОБИ 3,5 ГОДИНИ ЗАТВОР, ПАРТНЕРОТ 7 ГОДИНИ

    АКТЕРКАТА СИЛВИЈА СТОЈАНОВСКА ЗА УЧЕСТВО ВО ШВЕРЦ НА 700 КИЛОГРАМИ КОКАИН ДОБИ 3,5 ГОДИНИ ЗАТВОР, ПАРТНЕРОТ 7 ГОДИНИТаа ќе се брани од слобода, но нејзиниот пасош и обврската да се јавува редовно во судот, остануваат и натаму на сила (Фото:СДК.МК)

    Основниот кривичен суд Скопје денеска на актерката Силвија Стојановска ѝ изрече затворска казна од три ипол години затвор за учество во меѓународен шверц на 700 килограми кокаин. Нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ доби 7 години затвор. Казните се во прв степен и неправосилни, осудените имаат право на жалба.

    По повеќе од една година поминати во притвор и куќен притвор, денеска, како што ни изјави портпаролот на Обвинителството за организиран криминал и корупција, судот ја ослободи Стојановска од притвор. Таа ќе се брани од слобода, но нејзиниот пасош и обврската да се јавува редовно во судот, остануваат и натаму на сила.

    Првообвинетиот Будисавјевиќ до правосилноста на пресудата ќе остане во притвор.

    Обвинението против актерката и нејзиниот партнер за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори беше поднесено на 12 јуни лани.

    По спроведената меѓународна операција „Колибри“ во која беа лишени од слобода пет лица од кои две на територијата на нашата држава и три лица на територија на Кралството Шпанија, надлежниот јавен обвинител утврди дека во периодот од јули 2019 до 18.12.2019 година, обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралство Шпанија од кои едниот е македонски државјанин, брат на Будисавјевиќ, купувале пренесувале и продавале кокаин во вкупна количина од 700 килограми.

    Кокаинот тие го купувале од Колумбија. Го транспортирале до Мадрид и оттаму барале купувачи.

    За да не бидат откриени во нивните постојани активности, обвинетите меѓусебно комуницирале со користење на Енкрочат телефонски мобилни уреди, како и Енкрочат мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање на евентуална полициска инсталација и на дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира