АКЦИЈА ЗА ШАРАЊЕ ПРЕД ВЛАДА, ЧАТАЛ ЗА ФАСАДАТА, ВАЉАЦИ ЗА АСФАЛТОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АКЦИЈА ЗА ШАРАЊЕ ПРЕД ВЛАДА, ЧАТАЛ ЗА ФАСАДАТА, ВАЉАЦИ ЗА АСФАЛТОТ

    Шарената револуција почна акција за шарање пред Влада. На една страна со два чатала се шара фасадата, а на друга страна со ваљаци се бои асфалтот на сличен начин на кој што беше обоен асфалтот пред Собрание.

    „Тоа не е кривично, само прекршочно дело“ е пораката која вечерва Шарената револуција ја напиша на големиот транспарент. Демонстрантите носат и транспаренти со слики од досегашниот министер за финансии Зоран Ставрески со неговата изјава од бомбите „Ние сме лудаци“, има и транспарент на кој пишува „Какви патриоти, такви полиглоти“ со кој шарените потсетуваат на српскиот говор на министерската за култура Елизабета Канческа-Милевска.

    Вечерашниот протест шарените го посветија и на хомофобијата поради зачестените хомофобични напади и говорот на омраза насочен кон ЛГБТИ заедницата.

    Демонстрантите бараат Уставен суд итно да се изјасни за уставноста на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и запирање на прогонот на демонстрантите со ослободување на сите приведени кои учествуваа во протестите од 12 април наваму.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари