АМБАСАДОРКАТА БРНЗ ИМ УКАЖА НА СЕЛА И ГАШИ ДЕКА ТРЕБА ДА БИДАТ КОНСТРУКТИВНА ОПОЗИЦИЈА

    АМБАСАДОРКАТА БРНЗ ИМ УКАЖА НА СЕЛА И ГАШИ ДЕКА ТРЕБА ДА БИДАТ КОНСТРУКТИВНА ОПОЗИЦИЈААмбасадорката Брнз ги охрабри двајцата лидери на албанската опозиција да соработуваат со другите, велат од Американската амбасада во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Амбасадорката Кејт Брнз разговараше со лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, за да им ја нагласи потребата од конструктивна и вклучена опозиција, соопшти Американската амбасада во Скопје.

    „Амбасадорката Брнз ги охрабри двајцата лидери да соработуваат со другите на решавање на предизвиците со кои што се соочува земјата“, велат од Американската амбасада.

    На 26 март, заменик-помошникот на Државниот секретар на САД Метју Палмер телефонски разговораше со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за да му ја нагласи потребата од конструктивна и вклучена опозиција. Тогаш, Палмер го охрабри Мицкоски да соработува со другите на решавање на предизвиците со кои што се соочува земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира