АМЕРИКА Е АНГАЖИРАНА НА НАЈВИСОКО ВЛАДИНО НИВО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ДА ГИ ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

    АМЕРИКА Е АНГАЖИРАНА НА НАЈВИСОКО ВЛАДИНО НИВО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ДА ГИ ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУПортпаролот на Стејт Департментот Нед Прајс. (Фото: Твитер)

    САД се вклучени на највисоко владино нивно да ја демонстрираат нивната заложба за европскиот пат на Македонија и Албанија. Двете земји кандидатки треба да ги почнат пристапните преговори со ЕУ без одлагање, вели портпаролот на Стејт Департментот Нед Прајс.

    „Поддржуваме отворање на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија без одлагање. Ние сме вклучени на највисоко владино ниво да ја демонстрираме нашата заложба за европскиот пат на земјите кандидатки“, твитна Прајс ноќеска по македонско време.

    Синоќа, и францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека Македонија заслужува да ги започне преговорите со ЕУ без одлагање, откако направи важни реформи во последните четири години, на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев во Елисејската палата во Париз.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира