АПЕЛАЦИЈА ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА СЈО ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИЈАТА ПОП-СТЕФАНИЈА ЗА „ТВРДИНА“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АПЕЛАЦИЈА ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА СЈО ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИЈАТА ПОП-СТЕФАНИЈА ЗА „ТВРДИНА“

    Апелациониот суд во Скопје го потврди решението на Основниот суд Скопје 1 според кое судијата Александра Поп-Стефанија не се иззема од случајот „Тврдина“.
    „Постапувајќи по жалба на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) против решение на претседателот на Кривичниот суд, Апелациониот суд Скопје, денеска, достави решение со кое жалбата на СЈО се одбива како неоснована, а решението на првостепениот суд, за не прифаќање на барањето за иземање на судија на претходна постапка, се потврдува“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.
    СЈО на 23.06.2016 година, побарал изземање на судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 која постапувала по предлог на обвинителството за определување мерки за обезбедување присуство. Барањето од страна на првостепениот суд било одбиено по што СЈО поднело жалба до второстепениот суд, кој со горе наведеното решение утврдил дека Кривичниот суд правилно постапил и жалбата на СЈО ја одбил, а го потврдил решението на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
    Во предметот „Тврдина“, покрај поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, осомничен е и началникот на Петтата управа, Горан Грујевски, на кого  му беше одземен пасошот, иако СЈО бараше притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари