АПЕЛАЦИЈА ЈА ПОНИШТИ ПРЕСУДАТА СО КОЈА 69 РАБОТНИЧКИ ОД КАВАДАРЦИ ТРЕБАШЕ ДА ПЛАТАТ 20.000 ЕВРА ЗА СУДСКИ ТРОШОЦИ ОТИ ИМ БЕШЕ ОДБИЕНА ТУЖБАТА ЗА НЕИСПЛАТЕНИ ПЛАТИ

    АПЕЛАЦИЈА ЈА ПОНИШТИ ПРЕСУДАТА СО КОЈА 69 РАБОТНИЧКИ ОД КАВАДАРЦИ ТРЕБАШЕ ДА ПЛАТАТ 20.000 ЕВРА ЗА СУДСКИ ТРОШОЦИ ОТИ ИМ БЕШЕ ОДБИЕНА ТУЖБАТА ЗА НЕИСПЛАТЕНИ ПЛАТИЛани на 3 март работничките протестираа пред Судот во Кавадарци поради пресудата. (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд Скопје ја поништи првостепената пресуда на Основниот суд во Кавадарци, со која беше одбиена тужбата на 69 работнички од кавадаречката фирма „СОНИ“ за неисплатени три плати и прекувремена работа, а тие беа задолжени да подмират 20.000 евра за судски и други административни трошоци. Апелација ја одби пресудата која беше донесена поради пропусти во постапката со тужбата и го враЌа предметот на повторно разгледување.

    „Во врска со овој најубав подарок за 8 Март, морам да кажам дека произлезе оти работничките кои си ги бараа свои права биле во право, дека во право била и нивната застапничка. На сите кои се бореа за остварување на правата морам да им честитам затоа што јавноста минатата година беше згрозена од таа пресуда на Основниот суд во Кавадарци“, рече Кристина Ампева од невладината „Гласен текстилец“ и рече дека оваа организациа на повторната судска постапка ќе спроведе буден мониторинг.

    Лани во март, по пресудата поранешните вработени од фабриката протестираа, зато наместо по 130 илјади денари за три неисплатени плати и придонеси, ќе требаше да платат 20 илјади евра за судски трошоци. Тие беа револтирани, бидејќи работодавецот им должел три плати, вклучувајќи и придонеси или 9,6 милиони денари за сите нив, а судот донел одлука дека не се во право.

    Тогашниот претседателот на Кавадаречкиот суд Лазар Нанев, за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека текстилните работнички, се изманипулирани, бидејќи нивната адвокатка воопшто не повела постапка за работен спор, туку за „Побивање должникови правни дејствија”.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира