АРМИЈАТА ЌЕ ДОБИЕ 78 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД САД ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА

    АРМИЈАТА ЌЕ ДОБИЕ 78 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД САД ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈАСојузничката поддршка од САД е за модернизација, опремување и унапредување на капацитетите на Армијата, кажа министерката за одбрана Славјанка Петровска. (Фото: СДК.МК)

    Македонија ќе добие 78 милиони долари сојузничка поддршка од САД, наменета за модернизација, опремување и унапредување на капацитетите на Армијата, соопшти министерката за одбрана Славјанка Петровска.

    „Ја добивме веста за сојузничка поддршка од вкупно 78 милиони долари кои ќе се насочат во проектите потребни да ги достигнеме НАТО целите на способности и ќе ни овозможат уште поинтензивно да ги развиваме нашите капацитети – да се модернизираме, да се опремуваме, да имаме посилна сајбер одбрана, модерна и напредна Армија. Партнерството меѓу Република Северна Македонија и САД не значи само политичка поддршка, значи и соработка и поддршка во градењето и унапредувањето на способностите и капацитетите на нашата Армија. Изминативе 30 години САД се нашиот стратешки партнер и сојузник во остварувањето на овие цели“, рече Петровска.

    Министерката се заблагодари на САД за поддршката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира