АВИОНОТ ШТО СЕ УРНА КАЈ СОЛУНСКА ГЛАВА ИМАШЕ ОДОБРЕНИЕ ДА СЛЕТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, ВЕЛАТ ОД М-НАВ И АПЕЛИРААТ ДА НЕ СЕ ШИРАТ ШПЕКУЛАЦИИ ЗА НЕСРЕЌАТА

    АВИОНОТ ШТО СЕ УРНА КАЈ СОЛУНСКА ГЛАВА ИМАШЕ ОДОБРЕНИЕ ДА СЛЕТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, ВЕЛАТ ОД М-НАВ И АПЕЛИРААТ ДА НЕ СЕ ШИРАТ ШПЕКУЛАЦИИ ЗА НЕСРЕЌАТАОд М-НАВ информациите кои беа објавени во бугарски и домашни медиуми дека не била дадена согласност за слетување во Скопје ги оценуваат како дезинформации и шпекулации. - Од увидот на урнатиот авион (Фото: МВР)

    Не е точно дека на пилотот на авионот „цесна“ што вчера се урна кај планинскиот врв Солунска Глава не му било дозволено да слета на Скопскиот аеродром, велат од М-НАВ. Информациите кои беа објавени во бугарски и домашни медиуми дека не била дадена согласност за слетување во Скопје, оттаму ги оценуваат како дезинформации и шпекулации.

    „На пилотот на авионот од типот ‘цесна П210Н’ му беше дадено одобрување за слетување на Скопскиот аеродром, но сепак, истиот се предомисли и го продолжил патот кон Софија по што се урна над Солунска Глава. Со оглед дека се работи за немил настан и во интерес на истрагата и од почит кон роднините на загинатите апелираме да не се шират на разни дезинформации и шпекулации“, велат од М-НАВ.

    Во авионската несреќа загинаа четири патници, мајка, татко и две деца, државјани на Бугарија.

    Како што вчера изјавија од М-НАВ, авионот полетал од охридскиот аеродром за Софија. Поради лошите временски услови побарал да слета на Скопскиот аеродром, но потоа се премислил и го продолжил летот кон Софија. Во 16.16 часот на 26 километри јужно од Скопје, се губи од радарот. Пред да се изгуби од радарот последната комуникација со пилотот била: „Јака турбуленција“.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира