АВСТРИЈА ИСПРАТИ 114 НОВИ ПОЖАРНИКАРИ ДА ГИ ГАСАТ ПОЖАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ПРЕМОРЕНИТЕ 96 ГИ ВРАТИ ДОМА

    АВСТРИЈА ИСПРАТИ 114 НОВИ ПОЖАРНИКАРИ ДА ГИ ГАСАТ ПОЖАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ПРЕМОРЕНИТЕ 96 ГИ ВРАТИ ДОМААвстриската национална авиокомпанија „Аустриан ерлајнс“ ги пренесе пожарникарите од и до Скопје со авион „ербас“. (Фото: Фејсбук на Противпожарната служба на Долна Австрија)

    На аеродромот во Виена синоќа беше извршена замена на австриските пожарникари-доброволци кои ги гаснеа пожарите во Малешевијата. На местото на досега активните 96, испратени нови 114.

    На Фејсбук страницата на Противпожарната служба на Долна Австрија беа споделени информации и фотографии од примопредавањето на должноста на пожарникарите. Брзата замена на преморените пожарникари кои влегоа во речиси деноноќна борба со пожарите во Малешевијата ја овозможиле првите луѓе на аеродромот во Виена и на австриската национална авиокомпанија „Аустриан ерлајнс“, кои ги пренеле пожарникарите од и до Скопје со авион „ербас“.

    „Во итни случаи брзата поддршка е многу важна. За доброволните противпожарни бригади на Долна Австрија, ова е една од најголемите прекугранични операции против катастрофи и ние сме среќни што го даваме својот придонес”, изјави директорот на аеродромот во Виена Гинтер Офнер.

    Првата група австриски пожарникари во Македонија пристигна во петокот, а според информациите од теренот, нивната помош била непроценлива во битката со пожарите, како и онаа на пожарникарите од Словенија. Тие се сместени на стадионот во Пехчево со целата опрема која ја донесоа со себе.

    Во регионот на Долна Австрија, околу 1.700 пожарникари-доброволци ја обезбедуваат безбедноста на околу два милиони жители. Во регионот на Долна Австрија нема ниту еден професионален пожарникар, а целата служба функционира врз основа на доброволен и волонтерски ангажман.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира