БАЈДЕН ГО ПОЗДРАВИ ПОЧЕТОКОТ НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ НА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ВО МОМЕНТ КОГА РУСИЈА ГО НАРУШИ ЕВРОПСКИОТ МИР

    БАЈДЕН ГО ПОЗДРАВИ ПОЧЕТОКОТ НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ НА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ВО МОМЕНТ КОГА РУСИЈА ГО НАРУШИ ЕВРОПСКИОТ МИРВо моментот кога Русија го наруши мирот во Европа, поважно е од кога било да се поддржи стремежот за Европа цела, слободна и во мир. Демократски, безбеден и просперитетен Западен Балкан останува суштински за оваа визија, изјави Бајден. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Соединетите Американски Држави (САД) ги поздравуваат важните чекори што Европската Унија ги презема за унапредување на интеграцијата на Западен Балкан во евроатлантската заедница преку отворање на пристапните преговори во ЕУ со Албанија и Северна Македонија, се вели во изјавата на претседателот Џо Бајден што ја објави Белата куќа.

    „Во моментот кога Русија го наруши мирот во Европа, поважно е од кога било да се поддржи стремежот за Европа цела, слободна и во мир. Демократски, безбеден и просперитетен Западен Балкан останува суштински за оваа визија. САД ќе продолжат да бидат силен и доверлив партнер додека тие нации работат на одбрана на човековите права, зајакнување на демократските реформи и поддржување на владеењето на правото“, изјави Бајден и додава дека „чекорите што ЕУ, Албанија и Северна Македонија ги презедоа во последните денови треба да ги инспирираат сите аспиранти за ЕУ ​​во регионот да ја зголемат својата посветеност за зајакнување на нивните демократии“.

    Македонија и Албанија денеска во Брисел ги одржаа првите меѓувладини конференции со ЕУ, со што почнуваат пристапните преговори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира