БАРАМ БРЗИ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, КАЖА МИЦКОСКИ

    БАРАМ БРЗИ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, КАЖА МИЦКОСКИЗа Мицкоски брзите избори се светлото на крајот на тунелот. (Фото: Принтскрин Фејсбук)

    Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска побара брзи предвремени парламентарни избори велејќи дека тоа е волјата на народот по резултатите на локалните избори. На денешната прес-конференција Мицкоски кажа дека на локалните избори победиле во 42 општини плус Скопје, а на советничките листи освоиле 55. 000 гласови повеќе, односно на овие избори освоиле 100.000 гласови повеќе од СДСМ.

    Тоа како што кажа Мицкоски е новата реалност, односно дека политиките на Владата немаат доверба кај народот.

    „Јасна е волјата на народот после локалните избори. Дури и Заев да поднесе оставка министрите ќе го продолжат неговиот корумпиран систем. Состојбата во државата е од лошо полошо. Ни претстои енергетска криза, зголемување на цената на струјата, тука се последиците од ковид-19. Оваа Влада не може да се справи со овие последици. Сметам дека формирање на ново парламентарно мнозинство нема да даде нова енергија потребна за реформите, тоа само ќе нè внесе во нови разговори, преговори и ќе се формира погрешна слика која нема да ја отслика волјата на народот искажана на изборите. Затоа најдобро за Македонија се нови, брзи, предвремени избори. Брзите избори се светлото на крајот на тунелот“, кажа Мицкоски.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира