БЕШЕ ИНТЕНЗИВНО, НО ЗАВРШИВМЕ ПОЗИТИВНА РАБОТА, РЕЧЕ НИМИЦ ПО СРЕДБАТА СО ДИМИТРОВ И КОЅИЈАС ВО СУНИО

    БЕШЕ ИНТЕНЗИВНО, НО ЗАВРШИВМЕ ПОЗИТИВНА РАБОТА, РЕЧЕ НИМИЦ ПО СРЕДБАТА СО ДИМИТРОВ И КОЅИЈАС ВО СУНИОНимиц не кажа детаљи што било договорено на средбата, само напомена дека со министрите имале сериозен состанок и работа за која тие ќе ги информираат премиерите Зоран Заев и Алексис Џипрас пред нивната средба во Софија на 17 мај.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Средбата со министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас беше сериозна и интензивна, но завршивме позитивна работа, рече посредникот во спорот за името Метју Нимиц по средбата со министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас во Сунио, Грција.

    Нимиц не кажа детаљи што било договорено на средбата, само напомена дека со министрите имале сериозен состанок и работа за која тие ќе ги информираат премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас пред нивната средба во Софија на 17 мај.

    „Со министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас имавме серизна средба. Состанокот беше сериозен и интензивен, работевме напорно, но завршивме позитивна работа. Министрите ќе ги брифираат нивните премиери за средбата која ке ја имаат во Софија на 17 мај “, рече Нимиц после средбата.

    Средбата во местото Сунио близу Атина траеше околу шест часа, а министрите Димитров и Коѕијас не дадоа изјави.

    Министерот Димитров вчера во Сунио, каде се одржува министерскиот состанок на проширената Вишеградска група и земјите од Западен Балкан, изјави дека средбата средбата со посредникот Нимиц е многу важна во преговарачкиот процес.

    „Факт е дека сме во најделикатната и последната фаза, факт е дека има многу прашања за кои има разбирање, тоа разбирање е врзано со крај. Значи, тоа што е договорено, не е договорено, ако не е договорено сè, и факт е дека утрешниот ден е многу важен, неколку дена е пред Самитот во Софија, и наша должност е да најдеме едно решение  кое што е можно повеќе ќе ги покрива потребите на двете страни, за да им овозможиме на премиерите прво да се сретнат, и после тоа да си подадат рака, ама мора да понудиме некакви опции, таа ни е задачата утре“, рече шефот на македонската дипломатија Димитров.

    A. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира