БЕСПЛАТНА ЛИНИЈА 0800 002 03 ЗА КОРОНАВИРУСОТ, МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ ЕВЕНТУАЛНО ТЕСТИРАЊЕ

    БЕСПЛАТНА ЛИНИЈА 0800 002 03 ЗА КОРОНАВИРУСОТ, МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ ЕВЕНТУАЛНО ТЕСТИРАЊЕЦелта е да се зголеми капацитетот на телефонските линии во Центарот за јавно здравје. Луѓе со маски во Клиничкиот центар во Скопје - (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од денеска е во функција кол-центарот на телефонот 0800 002 03 во Здравствениот дом во Скопје за пријавување на сомнителни случаи за КОВИД-19 со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии во Центарот за јавно здравје, објави Министерството за здравство.

    Од понеделник ќе функционираат и двата пункта за земање на брисеви за тестирање во поликлиниките „Јане Сандански“ и „Чаир“ во Скопје.

    „Денеска заврши и координативниот состанок со Здружението на матичните лекари кои ќе бидат вклучени во системот на закажување, преку системот Мој термин, а после јавување на нивните пациенти кои ги избрале за матичен лекар. Од понеделник, освен на телефонските линии за информации во Центрите за јавно здравје, во кол-центарот пациентите ќе можат да се јават и кај матичните лекари доколку се постави индикација според електронскиот алгоритам којшто матичните лекари дотогаш ќе го имаат – да се закаже земање на материјал во еден од двата пунка“, кажа Филипче.

    Во функција на примање пациенти кои ќе бидат сомнителни и позитивни на коронавирус е ставена и Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

    Според податоците до 12 часот, во земјава има 85 лица заразени со коронавирус.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира