Владата донесе одлука да се укине мерката за задолжително поседување ковид сертификат за влез во трговски центри, за кои останува како задолжително носењето заштитни маски. Обврската за задолжително поседување ковид сертификат останува за влез во угостителските објекти каде што се служи храна/пијалак кои се во состав на трговските центри.
Владата одлучи и траењето на сертификатот за прележан коронавирус, наместо досегашните 45 дена, да трае 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.
Врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, Владата одлучи бремените жени веќе да не се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место. Со оваа одлука е прифатена и препораката бремените жени да се вакцинираат.
Исто така, се укина и барањето задолжителен ковид сертификат за излез од земјата.