БЕЗБЕДНО Е ДА СЕ ЛЕТА ВО МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ ПО БУНТОТ НА КОНТРОЛОРИТЕ НА ЛЕТАЊЕ ПРОТИВ ПАРТИСКИТЕ ВРАБОТУВАЊА

    БЕЗБЕДНО Е ДА СЕ ЛЕТА ВО МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ ПО БУНТОТ НА КОНТРОЛОРИТЕ НА ЛЕТАЊЕ ПРОТИВ ПАРТИСКИТЕ ВРАБОТУВАЊАМинистерството нема законска надлежност да влијае врз интерните постапки за вработување во М-НАВ, - Благој Бочварски (Фото: СДК.МК)

    Безбедноста на авиосообраќајот во Македонија не е нарушена, вели министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по бунтот на контролорите на М-НАВ поради партиските вработувања.

    Во писмениот допис од Министерството велат дека тоа нема „законска надлежност да влијае врз интерните постапки за вработување, ниту пак да влијае врз финансиската самостојност на АД М-НАВ“, туку дека само „во неколку наврати, Министерството за транспорт и врски апелираше на соработка меѓу Синдикатот, вработените и менаџметот на Друштвото.

    „Авиосообраќајот во земјата мора да се одвива непречено во континуитет и без прекини и во таа насока упатуваме повик до сите инволвирани на професионлност и обавување на основната функција на Друштвото“, стои во писмениот одговор од министерот Бочварски на прашањето „Дали е безбедно да се лета во Македонија“.

    М-НАВ е друштво во целосна сопственост на државата.

    Сосстојбата во М-НАВ станува напната затоа што по оставките на раководните лица од инженерскиот и од инструкторскиот дел во М-НАВ односно во секторот за воздухопловна техника, поради последниот незаконски оглас во кој беа набрзина примени на работа 7 лица за инженери и инструктори без никаква селекција и критериуми, оставки денеска до директорот на Агенцијата Фахрудин Хамиди поднесоа и над 20 контролори на летање.

    Веднаш по прес конференцијата на претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски и по заминување на новинарите, во зградата на М-НАВ упаднале членови на ДУИ од Чаир кои по вербална расправија и закани кон контролорите на летање, физички нападнале дел од нив.

    Неофицијално, групата што упаднала била лута затоа што и контролорите Албанци излегле надвор на прес-конференцијата и му дале поддршка на Тасевски. Еден од контролорите, кој бил на смена, бил удрен со бокс.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира