БИТОЛА ВО ПРВ КРУГ ДОБИ ГРАДОНАЧАЛНИЧКА, ПОБЕДИ НАТАША ПЕТРОВСКА ОД СДСМ

    БИТОЛА ВО ПРВ КРУГ ДОБИ ГРАДОНАЧАЛНИЧКА, ПОБЕДИ НАТАША ПЕТРОВСКА ОД СДСМНаташа Петровска ќе биде првата градоначалничка на Битола (Фото: СДК.МК)

    Со извици „Ова е Битола“ и огномет битолчани ја слават победата на Наташа Петровска за градоначалничка на Битола извојувана уште во првиот круг. Според информациите што вечерва ги соопшти пратеникот Васко Ковачевски, од 75 проценти обработени гласови Петровска освои 25.000 гласови, наспроти 13.900 колку што доби Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

    Петровска ќе биде првата градоначалничка на Битола.

    „Драги битолчани победивте и победивме. СДСМ и коалицијата добија поддршка за чесни луѓе. Конечно живот во Битола за сите. Битола ќе биде поубава и посветла“, рече Петровска.

    СДСМ и коалиционите партнери добија стабилно мнозинство и во Советот. Според аналитичкиот центар на СДСМ, за нивната советничка листа гласале 20.000 гласачи, а за ВМРО-ДПМНЕ 12.800 според 75 проценти од обработените податоци од избирачките места.

    Славењето продолжува низ улиците во градот. Меѓу скандирањата се слушаа и извици „Шутка не ти бега Никола“. Штабот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва е под клуч .

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира