БОЛНИЦАТА ВО КОЧАНИ ЌЕ БИДЕ РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА АМПУТАЦИИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    БОЛНИЦАТА ВО КОЧАНИ ЌЕ БИДЕ РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА АМПУТАЦИИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОМесто затворање болници, Министерството за здравство според специјалноста на одредена јавна установа ќе развива концепт на регионализација;- Од посетата на министерот Венко Филипче на болницата во Кочани (Фото: Министерство за здравство)

    Општата болница во Кочани со проширена дејност нема да се затвора, туку таа ќе биде центар за ампутации. Министерството за здравство вели дека ова на вработените во оваа јавна здравствена установа при вчерашната средба им го соопштил министерот за здравство Венко Филипче, кој и претходно неколку пати кажа дека нема да се затвораат болници, туку ќе се прави регионализација на здравствените услуги.

    „Не станува збор за затворање на болницата, туку за модел на нејзино унапредување, каде за истите пари од Фондот ќе добиеме подобри услови за работа на здравствените работници и подобри услови за пациентите“, вели министерот Филипче.

    Според министерот, со концептот за регионализација ќе имаат корист и жителите, а болницата во Кочани ќе стане регионален центар за ампутации, каде ќе се вршат ампутации на пациенти од целата држава.

    „Концептот за јавно приватно-партнерство ќе го разгледаме со вработените и по завршување на физибилити студиите, ќе се отвори широка јавна дебата. Дејностите ќе останат, а приватниот партнер би инвестирал во инфраструктурата“, вели Филипче.

    Од Министерството за здравство велат дека според специјалноста во секоја установа, ќе се направи листа на дејности и регионализација, а потоа ќе се зајакнат капацитетите на точно утврдените дејности во секоја установа.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари