БРАНКО НЕ СЕ ПОЈАВУВА НА ЈАВНИ НАСТАНИ, ПОЈАСНИЈА ОД НЕГОВИОТ КАБИНЕТ ЗОШТО НЕ БЕШЕ НА СВЕЧЕНОСТА ПРЕД ВЛАДА

    БРАНКО НЕ СЕ ПОЈАВУВА НА ЈАВНИ НАСТАНИ, ПОЈАСНИЈА ОД НЕГОВИОТ КАБИНЕТ ЗОШТО НЕ БЕШЕ НА СВЕЧЕНОСТА ПРЕД ВЛАДАНа настанот пред Владата, во првиот ред седеа поранешните премиери Владо Бучковски, Хари Костов и Љубчо Георгиевски, како и пратеникот Амди Бајрам и лидерот на ДПА Мендух Тачи. Но, столчето до Георгиевски наменето за Црвенковски остана празно. (Фото: К.Попов)

    Поранешниот премиер и претседател Бранко Црвенковски денеска не се појави на свеченоста пред Владата за кревање на знамето на НАТО.

    На настанот, во првиот ред седеа поранешните премиери Владо Бучковски, Хари Костов и Љубчо Георгиевски, како и пратеникот Амди Бајрам и лидерот на ДПА Мендух Тачи. Но, столчето до Георгиевски наменето за Црвенковски остана празно, иако тој добил покана од Владата да присуствува на настанот.

    „Поранешниот претседател Црвенковски не беше пред Владата во согласност со одамна заземениот негов став да не се појавува на јавни настани“, рекоа за САКАМДАКАЖАМ.МК од кабинетот на Црвенковски.

    Поранешниот претседател и долгогодишен премиер Бранко Црвенковски на 12 септември, во писмена изјава до медиумите рече дека ќе гласа „за“ на референдумот за името на 30 септември затоа што, се единствената добра опција за нашата иднина. Црвенковски рече дека ќе гласа „за“, не за тоа што мисли дека Преспанскиот договор е голема победа и успех, туку затоа што смета дека е нужност од која во даденава ситуација нема бегање.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира