БРОЈЧАНИКОТ НА ТРИУМФАЛНАТА ЌЕ СЕ ПОСТАВУВА МНОГУ БРЗО, ПОТВРДИЈА ОД ВЛАДАТА

    БРОЈЧАНИКОТ НА ТРИУМФАЛНАТА ЌЕ СЕ ПОСТАВУВА МНОГУ БРЗО, ПОТВРДИЈА ОД ВЛАДАТАПорта Македонија има симболична улога во битката против криминалите на Владата на Груевски. Низ неа прво минуваше специјалната единица за боење, а потоа сите кои даваа поддршка на СЈО и бараа повлекување на аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов за сите осомничени за криминал - архивска фотографија на СДК.МК од јуни 2016

    Бројчаникот на Порта Македонија во Скопје, кој треба да покажува колку од украдените пари ќе се вратат во буџетот, ќе биде поставен многу брзо, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од Владата, но не се сигурни дали ќе стигнат да го постават денеска, како што вчера ексклузивно објави порталот Фактор, повикувајќи се на неименувани извори.

    Премиерот Зоран Заев во април годинава изјави дека бројчаникот нема да се плаќа од буџетот, туку пари ќе обезбеди од неговите лични приходи.

    „Tоа зависи од правосудството. Кога тие ќе донесат одлука дека некој е виновен, а поради тоа што е виновен, ќе ги врати парите. Заев приватно ќе го плати бројчаникот, бидејќи нема такви пари во буџетот. Од моите приходи ќе го платам и ќе го закачам на Триумфалната капија“, рече Заев во интервју на Телевизија 24, на 13 април годинава.

    Од Владата велат дека од ефикасноста на правосудството ќе зависи кои пари први ќе се вртат на бројчаникот.

    Бројчаникот на Порта Македонија Заев, како тогашен лидер на опозицијата, го најави во кампањата на предвремените парламентарни избори во декември 2016 година.

    Порта Македонија имаше симболична улога во Шарената револуција пролетта 2016. Со речиси секојдневно фрлање боја на белиот мермер демонстрантите го излеваа гневот собиран од 2009, кога почна реализацијата на мегаломанскиот проект „Скопје 2014“ за кој Владата на Никола Груевски потроши над 600 милиони евра од државниот буџет.

    Досега, правосилна пресуда за враќање на пари во буџетот има само новинарката Ивона Талевска. Таа беше осудена за затајување данок во износ од околу 50.000 евра и за една година во буџетот треба да врати 1.145.900 денари.

    Пари во буџетот врати и поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ. Поради оштетување на буџетот при изградбата на пешачкиот мост „Око“, исто така дел од проектот „Скопје 2014“, Тодоровиќ врати 443.000 евра.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира