БРОЈКАТА НА НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПАДНА ЗА 48.3 ОТСТО

    БРОЈКАТА НА НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПАДНА ЗА 48.3 ОТСТОТестирани се 16.773 материјали, со зголемување од 6,3% во однос на минатата недела. (Фото: К. Попов)

    Од 10 до 16 мај пријавени се 65 смртни случаи од ковид-19 од 15 градови, 38,1% помалку во однос на минатата недела, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на возраста, 56 лица биле над 60 години, 7 лица на возраст од 50-59 години, 1 лице на возраст од 40-49 години и 1 лице на возраст од 30-39 години.

    Тестирани се 16.773 материјали, со зголемување од 6,3% во однос на минатата недела. Регистрирани се 674 нови позитивни случаи од 31 град во државата со намалување од 48,3% во однос на минатата недела.

    Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (280; 41,5%), со неделна инциденца – 45,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 94,1/100.000 е регистрирана во Кратово.

    Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 1,8% до 7,2%, просечно 4,0%.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (240, 35,6%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (114; 16,9%), 30-39 (114; 16,9%) 40-49 (111; 16,5%), и 20-29 (56; 8,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (6; 0,9%) и 10-19 години (33; 4,9%).

    Со статус оздравени се стекнале 2.646 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 36,0% во споредба со минатата недела.

    Според ИЈЗ, заклучно со 16 мај, вакцинирани се вкупно 207.219 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19. Комплетно се вакцинирани  31.599 лица.

    Заклучно со 16 мај, аплицирани се 28.594 дози на „Фајзер/Бионтек“ (19.691 со прва доза и 8.903 со втора доза), 44.890 дози на „спутник“ (22.871 со прва доза и 22.019 со втора доза), 24.995 дози на „АстраЗенека“ и 108.740 дози „Синофарм“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира