БУГАРИЈА СО ВЕТОТО ЗА МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ НЕОДГОВОРНА СТРАТЕШКА ГРЕШКА ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, СООПШТИ ВЛАДАТА

    БУГАРИЈА СО ВЕТОТО ЗА МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ НЕОДГОВОРНА СТРАТЕШКА ГРЕШКА ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, СООПШТИ ВЛАДАТАMакедонскиот народ и македонскиот јазик се столбовите на македонскиот идентитет - Заев и Борисов, архивска фотографија (Фото: К. Попов)

    Република Бугарија направи неодговорна стратешка грешка со ветото кое го стави за почеток на преговорите со ЕУ, соопшти македонската Влада откако Советот на министрите на земјите-членки на ЕУ не постигна согласност за преговарачката рамка која ја одобрија сите останати 26 земји членки на Унијата.

    Владата констатира дека со ветото за Македонија е запрен прцесот на проширување како стратешка цел на ЕУ, иако во март Советот даде едногласно зелено светло за почеток на преговори и сите земји, вклучително и Бугарија се согласија со тоа.

    „Северна Македонија никогаш нема да се откаже од правото на самоопределување на македонските граѓани кое е гарантирано со Повелбата на ООН, Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за човекови права, Лисабонскиот договор како уставна основа на ЕУ и темелните вредности на Уставот на Република Северна Македонија“, стои во соопштението на Владата по бугарското вето.

    Од Владата уверуваат дека „македонскиот национален идентитет не беше, не е и невозможно е да биде предмет на преговори“ и дека „македонскиот народ и македонскиот јазик се столбовите на македонскиот идентитет“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира