БУГАРСКОТО ЧЕТИРИ ПЛУС ЕДЕН Е ПАРАДА, СУШТИНАТА Е ДА НЀ НАТЕРААТ ДА ПРИФАТИМЕ ДЕКА СМЕ БИЛЕ БУГАРИ ДО 1945, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

    БУГАРСКОТО ЧЕТИРИ ПЛУС ЕДЕН Е ПАРАДА, СУШТИНАТА Е ДА НЀ НАТЕРААТ ДА ПРИФАТИМЕ ДЕКА СМЕ БИЛЕ БУГАРИ ДО 1945, РЕЧЕ МИЦКОСКИХристијан Мицкоски на одбележувањето на 150 години од раѓањето на Гоце Делче. (Фото: К.Попов)

    Бугарија сака да нè натера да прифатиме дека сме биле ист народ односно Бугари до 1945 година, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на одбележувањето на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев. Тој смета дека бугарското четири плус еден е само парада, а суштината е сосема друга.

    Суштината е да се обидат да ја злоупотребат позицијата што се членка на ЕУ, да нè натераат да прифатиме дека од среден век од првото бугарско царство до 1945 имаме заедничка историја и сме биле еден народ, Бугари. Тоа никогаш нема да го прифатиме“, кажа Мицкоски.

    На новинарско прашање што разговарале со средбата на бугарскиот премиер Кирил Петков при неговата посета од Скопје и дали имало некакви барања до нив како опозициска партија, Мицкоски кажа дека се разговарало за вклучување на бугарското малцинство во Уставот.

    Никакви отстапки од мене не беа побарани, споменаа тоа што беше кажано и во јавноста за промена на Уставот со вклучување на незначително малцинство. За тоа бугарската страна не е подготвена на реципроцитет за значителен дел од македонскиот народ кој живее во тој дел кај источниот сосед. И не се подготвени да ја тргнат понижувачката фуснота од македонскиот јазик кој е кодифициран, засебен и различен од бугарскиот“, рече Мицкоски.

    ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието ќе поднесе декларација за Гоце Делчев. Како што кажа Мицкоски со декларацијата ќе бараат поддршка од сите политички партии да се зацврсти темелот за ликот и делото на Гоце Делчев.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира