ДА ДАДЕМЕ АМНЕСТИЈА ЗА СИТЕ, ПОЕВТИНО Е ЗА ДРЖАВАТА ОД ЗАТВОР, КАЖА ПРАТЕНИКОТ МАНОЈЛОВСКИ НА СЕДНИЦАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ

    ДА ДАДЕМЕ АМНЕСТИЈА ЗА СИТЕ, ПОЕВТИНО Е ЗА ДРЖАВАТА ОД ЗАТВОР, КАЖА ПРАТЕНИКОТ МАНОЈЛОВСКИ НА СЕДНИЦАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИДа застанеме зад пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за да не тресат, рече Манојловски од собраниската говорница. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Пратеникот на ДУИ Бранко Манојловски ја повика државата да застане зад секој еден вмровец, за да можат, како што кажа, слободно да гласаат за уставните измените за нивна подобра иднина. Манојловски, исто така, даде поддршка за амнестија, објаснувајќи дека тоа е поевтина варијанта за државата од затворот, зборувајќи на денешната собраниска седница за уставните измени.

    „Да дадеме амнестија за сите, тоа ќе чини државата поевтино од затворот. Големи се трошоците да се биде во затвор. Поевтино е да им помогнеме да можат слободно да гласаат. Дај да застанеме како луѓе и да им дадеме амнестија, а не да зборуваме тука за историја, за Соломон, Александар Македонски и Скендербег. Да зборуваме за економија и леб“, рече Манојловски.

    Тој повтори дека бара да им се даде слобода на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат како сакаат.

    „Застанете зад нив за да не се тресат“, рече Манојловски.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира