ДА ГИ ЧУЈАМ РАЗГОВОРИТЕ ПА ПОСЛЕ ЌЕ ПРАВИМЕ МУАБЕТ ЗА ОСТАВКА, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДИК ДЕРКОВСКИ ОТКАКО БОМБИТЕ ВО „ТИТАНИК“ ОТКРИЈА ДЕКА ПРИМАЛ НАРЕДБИ ЗА ИЗБОРНИ ИЗМАМИ ОД ЈАНАКИЕСКИ

    ДА ГИ ЧУЈАМ РАЗГОВОРИТЕ ПА ПОСЛЕ ЌЕ ПРАВИМЕ МУАБЕТ ЗА ОСТАВКА, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДИК ДЕРКОВСКИ ОТКАКО БОМБИТЕ ВО „ТИТАНИК“ ОТКРИЈА ДЕКА ПРИМАЛ НАРЕДБИ ЗА ИЗБОРНИ ИЗМАМИ ОД ЈАНАКИЕСКИ„Да, докази се, но не сум ги чул. Да ги чујам, па да размислувам на тема оставка“, ни рече претседателот на ДИК Оливер Дерковски, која треба да го спроведе референдумот за името закажан на 30 септември (Фото: СДК.МК)

    „Не сум ги чул разговорите за да можам да ви одговорам дали размислувам за оставка. Тоа се само телефонски разговори кои засега не докажуваат ништо. Судската пoстапка уште трае“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски, кој како што се слушна денеска во Кривичниот суд, во бомбите за „Титаник“ за изборни нерегуларности добива наредби од ексминистерот Миле Јанакиески да вади гласачи, роднини, пријатели и вработени во администрацијата за изборите во 2011 година да гласаат за ВМРО ДПМНЕ.

    На Дерковски му кажавме дека прислушуваните разговори се прифатени како доказ од сите судски институции, и дека од неодамна тој е носител на една од највисоките и најодговорни функции во државата.

    „Да, докази се, но не сум ги чул. Да ги чујам, па да размислувам на тема оставка“, ни рече претседателот на ДИК, која треба да го спроведе референдумот за името закажан на 30 септември.

    Дерковски, како тогашен партиски војник, два дена пред изборите во 2011 година добива инструкции од обвинетиот Миле Јанакиески да се залепат плакати за сателитската партија СДПМ, за да се збунат гласачи на СДСМ, се слушна во бомбите за случајот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуларности што беа пуштени денеска во Кривичниот суд. Станува збор за партијата која на секои избори излегува со листи за пратеници со имиња слични на оние од СДСМ, со цел да ги збуни гласачите. Така, носители на избори листи на минатите избори беа имиња како Рада Шекеровска, Зоран Зашев, Игор Ивановски и Јанис Макрис.

    „Планот е на гласањето до 9 часот да се извадат нашите, до 10 пријателите и роднините, до 12 часот сите вработени“, му вели Јанакиески на Дерковски, а тој му кажува „добро, во ред“.

    Дерковски, кој минатиот месец беше избран за претседател на ДИК како кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, во 2011 беше директор на Македонски железници, а претходно беше пратеник на оваа партија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира