ДА ИЗДРЖЕВТЕ УШТЕ МАЛКУ, ЌЕ ГО ПОРАЗЕВ ЗАЕВ НА ИЗБОРИ, ИМ РЕЧЕ МИЦКОСКИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ КОИ ГИ ПОДРЖАА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

    ДА ИЗДРЖЕВТЕ УШТЕ МАЛКУ, ЌЕ ГО ПОРАЗЕВ ЗАЕВ НА ИЗБОРИ, ИМ РЕЧЕ МИЦКОСКИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ КОИ ГИ ПОДРЖАА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашната прослава на 23 Октомври-Ден на македонската револуционерна борба побара да се донесе закон за амнестија за сите учесници од настаните на 27 април, за да нема селективна правда и да има слобода за сите, а не само за оние кои им слугувале на власта.Прославата се одржа во Македонскиот Народен Театар во Скопје. (Фото:СДК.МК)

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара да се донесе закон за амнестија на сите учесници во организираниот напад на Собранието на 27 април 2016 година.

    „Донесете закон за амнестија за сите учесници од настаните на 27 април, за да нема селективна правда и да има слобода за сите, а не само за оние кои вас ви слугуваат. Дел од структурите кои се опфатени со прогонот на власта, решија да одиграат валкана работа за оваа власт. Мене ме обвинуваа дека се борам и барам амнестија, а сега кога тие тоа го предлагаат, било простување“, рече лидерот на ВМРO-ДПМНE, Христијан Мицкоски, на вечерашната прослава на 23 Октомври-Ден на македонската револуционерна борба.

    Прославата се одржа во Македонскиот Народен Театар во Скопје.

    Мицкоски за новата ситуација во партијата, рече дека минатиот петок бил црн петок, бидејќи го здоболило што пратениците гласале за уставните измени, водејќи се од личен интерес, спротивно од ставот на партијата и од интересот на народот.

    „Во целиот овој период се држев до две работи: до вистината и до народот. И колку и да се шират дезинформации, и колку некои да ме прават одлепен од реалноста, вистината е дека имаше притисоци врз пратеници и тие беа од власта. И дел од пратениците влегоа со лични аранжмани со власта, надевајќи се на својата слобода. Ме изневерија мене, ВМРО-ДПМНЕ и најважно, ја изневерија Македонија. Дел од нив тоа и лично го признаа“, рече Мицкоски во 40 минутното обраќање пред членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ.

    Мицкоски рече дека уште повеќе е тажен од  барањата на осумте опозициски пратеници  кои гласаа за уставните измени.  Одлуката опозициските пратеници да гласаат за уставните измени, според Мицкоски, му ја продолжило политичката кариера на Зоран Заев.

    „Вечно ќе патам за пропуштениот момент. Пеколно и болно беше вечерта во петокот. Покрај предавството, ги подвиткавте кичмите, иако не убедувавте дека на вашите плеки ќе го понесете товарот. Ќе ме мачи тоа што вие кои не изневеривте, не ми дадовте шанса да го поразам Заев, не ни дадовте шанса.  Да издржевте уште малку ќе го поразевме Заев на избори. Му ја продолживте политичката кариера. Зошто ни ја одземавте можноста да го победиме на избори, и тоа кога беше готов? Сега ни избега со помош на предавството на нашите браќа и сестри, но нема да може вечно да бега. Кога тогаш ќе се соочиме, и заедно со народот ќе го поразиме Заев, а ќе ве поразиме и вас новите негови другари и коалициони соработници“, рече Мицкоски.

    На прославата не присуствуваше поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

    Г.ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира