ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ ДЕКА СО СРБИЈА РАСТЕМЕ И ПАЃАМЕ ЗАЕДНО, ОДГОВОРИ ДИМИТРОВ НА ИЗЈАВАТА НА ДАЧИЌ ВО АТИНА

    ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ ДЕКА СО СРБИЈА РАСТЕМЕ И ПАЃАМЕ ЗАЕДНО, ОДГОВОРИ ДИМИТРОВ НА ИЗЈАВАТА НА ДАЧИЌ ВО АТИНА"Со Србија заедно бевме во една федерална држава, како Република Македонија и Република Србија и споделуваме толку многу нешта. Убеден сум дека двата пријателски народа преферираат да имаме односи базирани на заемна почит, разбирање и европски дух“ - Никола Димитров и Никос Коѕијас на 14 јуни во Атина

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров жали за изјавата на министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ дадена во Атина дека Србија погрешила што ја признала Македонија под уставното име и му порача дека во минатото сме биле заедно и ќе останеме заедно.

    „Жалам за денешната изјава на министерот Дачиќ. Со Србија заедно бевме во една федерална држава, како Република Македонија и Република Србија и споделуваме толку многу нешта. Убеден сум дека двата пријателски народа преферираат да имаме односи базирани на заемна почит, разбирање и европски дух“, напиша министерот Димитров не неговиот фејсбук профил.

    Тој за изјавата на неговиот српски колега смета дека таа „ не е добра не само за Македонија и за Србија, туку и за целиот регион“.

    „Да не заборавиме, во регионот растеме и паѓаме заедно“, напиша министерот Димитров.

    Ивица Дачиќ во Атина по средбата со грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас изјави:

    „Сметам дека Србија направи грешка пред 20 години кога го призна Скопје под името Република Македонија. Тоа не беше коректно спрема Грција, а Скопје секогаш имаше негативен став спрема прашањето за Косово и Метохија. Тие ја признаа независноста на Косово и гласаа за прием на Косово во УНЕСКО“, изјави Дачиќ.

    Тој рекол дека Србија нема да повлекува никакви потези кои би можеле да ја нарушат стабилноста на регионот и дека „за разлика од некои други народи, Србија нема територијални претензии кон делови на Грција“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира