ДА СИ ПРОСТИМЕ, ДА ПОЧНЕМЕ ОД 27 АПРИЛ И ДА ТРГНЕМЕ КОН ЕУ И НАТО, ГИ ПОВИКА ЗАЕВ ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ДА ГЛАСААТ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

    ДА СИ ПРОСТИМЕ, ДА ПОЧНЕМЕ ОД 27 АПРИЛ И ДА ТРГНЕМЕ КОН ЕУ И НАТО, ГИ ПОВИКА ЗАЕВ ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ДА ГЛАСААТ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ„Крвавите слики од пратениците го обиколија светот. Еве ја приликата да си простиме“, изјави Заев на денешната седница во Собранието за уставните измени (Фото: Ѓ. Личовски)

    Премиерот Зоран Заев, на  денешната расправа на пленарната собраниска седница за измени на Уставот, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени и им понуди како гест на помирување простување за нападот во Собранието за 27 април минатата година.

    „Сега е моментот да си простиме. Да си простиме сега кога е најпотребно. Сите знаеме дека кулминација на поделбите и омразата беше 27 април. Крвавите слики од пратениците го обиколија светот. Еве ја приликата да си простиме. Ајде да почнеме од 27 април. Сите знаете дека прва мета беа пратениците и вие како опозиција бевте исплашени за време на тие случувања. Сега е моментот да седнеме да си простиме. Знам дека тоа има цена. Јас сум подготвен да ја платам цената. Нема иднина ако прво ние не си простиме, тука во Собранието. И да им покажеме на сите дека сме си простиле и затоа ве повикувам, секој пратеник да одлучи по сопствена волја, дали сте за европска Македонија, за влез во ЕУ и НАТО или сте за изолација и сиромаштија“, рече Заев во образложението на предлогот за пристапување кон измени на Уставот на денешната седница.

    Тој го повтори ставот дека не може да има подобар договор за името со Грција од сегашниот и дека тоа сите го знаат.

    Претходно, Собранието не го поддржа предлогот на Илија Димовски да се симне предлогот за уставни измени по дневниот ред.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира