ДАНЕВ НЕМА ДА БИДЕ КООРДИНАТОР НА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ

    ДАНЕВ НЕМА ДА БИДЕ КООРДИНАТОР НА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕНеофицијално, Данев го има изгубено трпението по последните случувања во партијата - Драган Данев во пленарната сала (Фото: СДК.МК)

    Досегашниот координатор на сите 10 пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Драган Данев нема да биде координатор на евентуално новоформираната една пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

    На денешната прес-конференција во врска со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за Закон за амнестија, Данев потврди дека нема да биде координатор на новата пратеничка група, но не даде образложение зошто.

    Неофицијално, Данев го има изгубено трпението по последните случувања во партијата, како со гласањето за уставните измени, така и со меѓупартиските пресметки и на негово барање не сака да биде координатор.

    Исто така неофицијално, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие пробаат да го предомислат Данев за да остане координатор.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира