И БРИТАНИЈА ГО ПОЗДРАВИ МАНДАТОТ ЗА МНОЗИНСТВОТО

    И БРИТАНИЈА ГО ПОЗДРАВИ МАНДАТОТ ЗА МНОЗИНСТВОТОБританскиот министер за Европа и Америка сер Алан Данкан вели дека ова е битен чекор напред за демократската иднина на земјата

    Британскиот министер за Европа и Америка сер Алан Данкан ја поздрави одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов да му овозможи на парламентарното мнозинство предводено од  Зоран Заев да формира влада, и оцени дека ова е битен чекор напред за демократската иднина на земјата.

    „Обединетото Кралство ги повикува сите политички лидери да работат заеднички, конструктивно и во интересот на Македонија и сите нејзини граѓани. Ние сме подготвени да ги помогнеме таквите напори и да ја поддржиме Македонија во нејзините аспирации за ЕУ и НАТО“, се вели во изјавата на Данкан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира