ДЕСКОВСКА ЌЕ ИМ ПОМАГА НА ФИЛИПЧЕ И АДЕМИ ДА СЕ УСОГЛАСАТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈАТА И УПИСОТ НА ПРВАЧИЊАТА

    ДЕСКОВСКА ЌЕ ИМ ПОМАГА НА ФИЛИПЧЕ И АДЕМИ ДА СЕ УСОГЛАСАТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈАТА И УПИСОТ НА ПРВАЧИЊАТАНа Клиниката за инфективни болести во моментот има двајца болни од мали сипаници кои се во тешка состојба, вкупно се лекуваат 30 пациенти, а изминатава недела се потврдени над 100 новозаболени (Фото: СДК.МК)

    Не отстапуваме од ставот да не се примаат невакцинирани деца во училиштата и градинките, оти само така ќе се стави крај на епидемијата со мали сипаници, рече министерот за здравство Венко Филипче, по вчерашната изјава на министерот за образование Арбер Адеми дека деновиве треба да го усогласат ставот оти основното образование е задолжително, а при тоа да не се нарушува јавното здравје.

    „Викендов ќе имаме средба со министерот за образование, во тоа ќе ја вклучиме и експерти по уставно право, како и министерката за правда. Ние како министерство дадовме препораки, бидејќи во моментов имаме епидемија, и од понеделник ќе излеземе со усогласен став. Нема да отстапиме од ставот невакцинирани деца да не се примаат во градинките и школите, оти тоа е единствениот начин да се стави крај на оваа епидемија и да не ни се повторуваат вакви ситуации“, рече Филипче на одбележувањето на 12 Мај- Денот на медицинските сестри, во организација на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки (ЗМСТАМ).

    На Клиниката за инфективни болести во моментот има двајца болни од мали сипаници кои се во тешка состојба, а вкупно се лекуваат 30 пациенти.

    Д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје и член на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, вчера кажа дека изминатата недела исто така има висок број на новозаразени, а лабораториски се потврдени над 100 случаи од кои половината биле хоспитализирани. Од нив повеќето се возрасни, а има и двесетина деца под една година. Тој кажа дека скоро 24.000 деца досега се вакцинирани, а невакцинирани се околу 19.000 деца надвор од Скопје. Одзивот на вакцинацијата надвор од Скопје, според д-р Микиќ, е слаб и тој најави од понеделник засилени контроли во центрите за јавно здравје.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира