ДЕЦАТА ОД СЕПТЕМВРИ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ НА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО, РЕЧЕ ЗАЕВ

    ДЕЦАТА ОД СЕПТЕМВРИ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ НА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО, РЕЧЕ ЗАЕВОд прво октомври 2020, во школо одат само учениците од прво до трето одделение. (Фото:СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев смета дека од септември не треба да има онлајн настава односно учениците треба да се вратат во училиштата и да се одржува настава со физичко присуство.

    „Најважно е каква ќе биде состојбата кон крајот на август за да се донесе одлука, но јас сум за настава со физичко присуство, онлајн наставата влијае лошо на образованието на нашите деца. Мислам дека ќе имаме стабилна епидемиолошка состојба наесен, особено со вакцинацијата и со опаѓањето на бројот на нови случаи. Ако има некоја потреба ќе одиме со затворање, и други мерки“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешниот Стартап самит „Заеднички влијаеме“.

    Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука (МОН) периодов ќе работи на тоа да се направат протоколи, вклучувајќи ја и таа за вакцинација, со цел сите ученици од 1 септември да се вратат  со физичко присуство во училиштата.

    Од прво октомври 2020, во школо одат само учениците од прво до трето одделение, а останатите онлајн следат настава. Учениците од дома учат уште од лани од март.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира