ОДБИЕНИ ЧЕТИРИ ПРИГОВОРИ НА СДСМ И СЕДУМ НА БЕСА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ОДБИЕНИ ЧЕТИРИ ПРИГОВОРИ НА СДСМ И СЕДУМ НА БЕСА

    Државната изборна комисија во 3.30 часот утринава ја прекина јавната расправа за приговорите поднесени од политичките партии за изборите одржани на 11 декември. Комисијата денеска на пладне ќе продолжи со работа.

    ДИК досега одби седум од приговорите на Беса, а графологот кој треба да вештачи потпис на избирачко место по осмиот приговор на Беса стигна во ДИК непосредно пред одлагањето. Сѐ уште не е пронајден записник по образец 15 за едно избирачко место во општина Теарце во ИЕ 6. Комисијата вчера расправаше за четири од предлозите на СДСМ, кои ги одби.

    Синоќа, некаде околу 22 часот, неколку стотини граѓани приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ се собраа пред седиштето на ДИК и протестираа против приговорите на СДСМ и на Беса. Тие, како што изјавија, сметаат дека некој се обидува да ја украде нивната изборна победа.

    Меѓу демонстрантите беа и кандидати за пратеници Илија Димовски, Антонио Милошоски, Влатко Ѓорчев, Борис Змејковски, Амди Бајрам, Даниела Рангелова.

    „Не сакаме ниту еден глас повеќе од она што сме го добиле ниту пак ќе дозволиме да ни биде одземен барем еден глас“, рече Милошоски и порача дека треба да се почитува волјата на граѓаните.

    Протестот заврши мирно, без инциденти, откако ДИК ја прекина седницата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира