ДИМИТРОВ И КОЅИЈАС ВО ОХРИД СО НОВА РУНДА ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО

    ДИМИТРОВ И КОЅИЈАС ВО ОХРИД СО НОВА РУНДА ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТОПред денешната средба, министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас синоќа во Охрид имаа работна вечера (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во Охрид во тек е средбата меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас, нова рунда преговори за надминување на спорот за името. Од Министерството за надворешни работи велат дека се очекува нова рунда тешки разговори, но оти остануваат оптимисти дека ќе се најде достоинствено решение.

    Коѕијас во Охрид дојде синоќа, а со Димитров прво имаа работна вечера.

    Последната рунда преговори се одржа на 30 март во МНР на Австрија во Виена, каде Димитров и Коѕијас имаа средба со посредникот на ОН Метју Нимиц. По средбата, Димитров изјави дека има условен напредок во преговорите, бидејќи потешките прашања доаѓаат со одењето напред.

    Коѕијас вчера беше во Белград, а по средбата со Димитров најверојатно ќе оди за Приштина.

    Средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција е една недела пред објавување на новиот извештај на Европската унија за напредокот на Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира