ДИРЕКТОРИТЕ НА КЛИНИКИТЕ ЌЕ ГИ БРОЈАТ ОПРЕМАТА И ДОЛГОВИТЕ ПО НАЛОГ НА ТАРАВАРИ

    ДИРЕКТОРИТЕ НА КЛИНИКИТЕ ЌЕ ГИ БРОЈАТ ОПРЕМАТА И ДОЛГОВИТЕ ПО НАЛОГ НА ТАРАВАРИМинистерот за здравство Арбен Тарвари на директорите на клиниките им поделил писмо со задачи на средбата што минатата недела се оддржа во Министерството за здравство. (Фото: СДК.МК)

    Директорите на клиниките да ги пребројат апаратите и опремата со која располагаат и да поднесат и финансиски извештај и извештај за долговите на установата со која раководат. Ваков налог добиле од министерот за здравство Арбен Таравари, на средбата што минатата недела се оддржа во Министерството за здравство.

    „Да направат попис на сите апарати и медицинска опрема. Лично да го утврдат постоењето и состојбата на секој апарат одделно. Да се направи писмен извештај кои апарати функционираат кои не, и која е потребата од делови, сервис, за да се стават во функција, и потребата од тоа да биде објаснета. Да се даде приближна проценка за потребните средства. Да дадат предлози за прашања кои треба ургентно да се решат, поврзани со споменатата ЈЗУ“, стои во писмото со задачи кои директорите на клиниките го добиле од Таравари.

    Тие треба во целост да ги спроведат забелешките и мерките што ги препорачал Државниот завод за ревизија во последниот ревизорски извештај за болницата со која раководат. Во писмото од Таравари стои дека треба да достават писмен извештај до кабинетот на министерот, со анализа колку од овие забелешки од ДЗР се спроведени а колку не, како и да направат план како да ги остварат до крај.

    „Ако во последните две години нема ревизорски извештај за болницата со која раководат, да се обратат со писмо до ДЗР и да замолат да бидат земени предвид во ревизијата за следната година. Ако нема извештај од ДЗР да ги разгледаат извештаите од контролите од Фондот за здравствено осигурување, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и од Министерството за здравство и да направат анализа што е спроведено, како и план како да се исшполнат препораките до крај“, стои во писмото со задачи.
    Директорите треба до кабинетот на министерот треба да испратат и писмен извештај за бројот на вработени, одделно за медицински и немедицински персонал, како и анализа колку вработени се потребни според бројот на пациенти.

    Овие задачи со извештаите до кабинетот на Таравари треба да ги завршат до 15-ти овој месец.
    Директорите велат дека Таравари им најавил дека воведува пракса за тримесечно следење на нивната работа и успешност, и дека кон средината на месецот заеднички треба да ги утврдат целите и задачите што ќе треба да се спроведат во последното тромесечие од оваа година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира