ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОРОТ ВО ШУТКА ЈА ДОСТАВИЛ ОСТАВКАТА ДО ВЛАДА, ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА 11 ВРАБОТЕНИ ВО ЗАТВОРОТ ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ СО ЈАНАКИЕСКИ И РИСТОВСКИ

    ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОРОТ ВО ШУТКА ЈА ДОСТАВИЛ ОСТАВКАТА ДО ВЛАДА, ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА 11 ВРАБОТЕНИ ВО ЗАТВОРОТ ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ СО ЈАНАКИЕСКИ И РИСТОВСКИДиректорот на затворот во Шутка Ѓоко Котевски во петокот кажа дека го прифаќа барањето на премиерот Зоран Заев да поднесе оставка поради инцидентите со поранешните министри Миле Јанакиески и Спире Ристовски, кои се во притвор како осомничени за организација на нападот на Собранието на 27 април 2017. (Фото: СДК.МК)

    Директорот на затворот во Шутка Ѓоко Котевски ја доставил оставката до Владата, како и извештајот за инцидентите со поранешните министри Миле Јанакиески и Спире Ристовски, кои на 21 февруари беа физички нападнати во затворот, објави државната агенција МИА.

    Котевски кажа и дека извештајот е доставен и до Министерството за правда и до Управата за извршување санкции и дека за 11 лица од затворот биле покренати дисциплински постапки, откако кај нив биле утврдени пропусти во постапувањето.

    Јанакиески и Ристовски беа притворени на 20 февруари како осомничени за организација на нападот на Собранието на 27 април 2017. По инцидентот во затворот, Јанакиески беше пуштен во куќен притвор.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари