ДО 15 АВГУСТ НЕМА ПАТУВАЊЕ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ГРЦИЈА

    ДО 15 АВГУСТ НЕМА ПАТУВАЊЕ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ГРЦИЈАПрекинот на воздушните и морските поврзувања на Грција со Северна Македонија, Албанија и Турција, како и одлуката што се однесува на копнените граници се продолжуваат до 15 август 2020, соопштија грчките власти; - Граничен премин Богородица-Евзони. (Фото. Ѓ. Личовски)

    Грција останува затворена за патување на македонски граѓани до 15 август. Прекинот на воздушните и морските поврзувања на Грција со Северна Македонија, Албанија и Турција, како и одлуката што се однесува на копнените граници се продолжуваат до 15 август 2020, соопшти попладнево заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.

    Денеска истекуваше одлуката од 15 јули, донесена поради актуелната пандемија со ковид-19, за привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Северна Македонија, Албанија и Турција, која сега е продолжена за уште 15 дена, .

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира