ДО 17 ЧАСОТ ГЛАСАЛЕ 38,78 ОТСТО, КРИВА ПАЛАНКА СО НАЈГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ ОД 57 ПРОЦЕНТИ

    ДО 17 ЧАСОТ ГЛАСАЛЕ 38,78 ОТСТО, КРИВА ПАЛАНКА СО НАЈГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ ОД 57 ПРОЦЕНТИВо третата изборна единица и понатаму има најголема излезност и тоа 43,87 проценти, а Општина Крива Паланка со 57 отсто одѕив е со со најголем број излезени гласачи; - Од гласањето во Скопје. (Фото: К. Попов)

    На денешните парламентрани избори до 17 часот гласале 38,78 отсто од вкупниот број гласачи во Избирачкиот список. Најголема излезност има во третата изборна единица, а најмала во шестата.

    Како што соопштија на редовната прес-конференција во Државната изборна комисија, според податоците од 3.459 избирачки места од вкупно 3. 383, гласале 703.597 граѓани.

    Одѕивот во првата изборна единица 41,07 отсто од вкупно запишани во Избирачкиот список и во оваа изборна единица најголема излезност има во Македонски брод 55,65 проценти, во Карпош 44,11, во Центар 43,69, а во Аеродром 42 отсто.

    Во втората изборна единица гласале 36,98 отсто од запишаните гласачи. Во третата изборна единица и понатаму има најголема излезност и тоа 43,87 проценти, а Општина Крива Паланка со 57 отсто одѕив е со најголем број излезени гласачи. Во четвртата изборна единица излегле на гласање 43.99 проценти од граѓаните со право на глас. Во петата изборна единица до 17 часот гласале 38,22, додека во шестката 29 отсто.

    Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат 1.814.613 гласачи. Гласањето денеска ќе трае два часа повеќе, односно избирачките места ќе бидат затворени во 21 часот.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира