ДО 27 НОЕМВРИ ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ, РЕСТОРАНИТЕ ЗА СВАДБИ И ИГРОТЕКИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРААТ ЗА ГРАНТОВИ, НАЈАВИ БЕКТЕШИ

    ДО 27 НОЕМВРИ ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ, РЕСТОРАНИТЕ ЗА СВАДБИ И ИГРОТЕКИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРААТ ЗА ГРАНТОВИ, НАЈАВИ БЕКТЕШИЗа помошта ќе може да се аплицира преку платформата „Дома си е дома“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши. (Фото: СДК.МК)

    Грантови за туристичките агенции, рестораните за свадби и игротеките ќе се доделат во рамките на четвртиот пакет економски мерки за справување со коронакризата. Министерот за економија Крешник Бектеши денеска денеска ги презентираше петте мерки за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор, во вредност од 7,5 милиони евра.

    Со мерките се предвидува враќање на туристичка такса за 2019 на сите категоризирани угостителски објекти. Грантови ќе се доделат на туристички агенции, ресторани за свадби и игротеки кои претрпеле загуби во работењето поради коронакризата. Висината на грантовите ќе зависи од остварениот приход во 2019 и бројот на вработени. Грантови ќе добијат и лиценцирани туристички водичи и тоа во висина од три просечни плати, односно 65.000 денари за секој туристички водич.

    Како што кажа Бектеши, за помошта ќе може да се аплицира до 27 ноември преку платформата „Дома си е дома“, a парите ќе бидат исплатени до крајот на годинава.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира