ДО 9 ЧАСОТ ИЗЛЕЗНОСТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ Е 3,85 ОТСТО

    ДО 9 ЧАСОТ ИЗЛЕЗНОСТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ Е 3,85 ОТСТОДосега не се пријавени нерегуларности во спорведување на изборите. (Фото: Принтскрин од видео на МИА)

    До 9 часот на избирачките места низ државата гласале 3,85 отсто од гласачите. Како што кажа на денешната прва прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски, изборите се одвиваат мирно, без пријавени нерегуларности.

    „Се гласа на 1.480 гласачки места во 80 општини. До 9 часот, во ДИК се пристигнати податоци за излезност на гласачите од 832 избирачки места каде право на глас имаат 402.748 граѓани. Од нив гласале 15.487 лица што значи дека излезноста е 3,85 отсто“. рече Даштевски.

    До ДИК досега се стигнати 12 приговори за заштита за избирачкото право односно од граѓани кои не се најдени во Избирачкиот список.

    Овие избори ги надгледуваат 950 домашни и 540 меѓународни набљудувачи и 58 странски новинари.

    За денешните претседателски избори во Избирачкиот список се запишани 1.814.317 граѓани.

    Наредната прес-конференција на ДИК е закажана за 13.30 часот, кога се очекуваат податоци за излезноста од сите гласачки места.

    Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, може да се пријави каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

    Освен на бесплатната телефонска линијата, може да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, на улицата Македонија бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен-куќата на Мајка Тереза),

    Исто така, денеска дежурства ќе има и во Подрачните канцеларии:Струмица на тел.бр.(034)329-996, Кичево на (045).228-586, Тетово на (044) 344-082, Битола на (047) 242-310, Штип на (032) 389-701 и во Куманово на (031) 431-488.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира