ДО ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПРОФЕСОРИ НА СКОПСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ ЗА ПРИМАЊЕ МИТО

    ДО ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПРОФЕСОРИ НА СКОПСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ ЗА ПРИМАЊЕ МИТОПрофесорите Славе Ристевски и Драге Јанев добија по две и пол години затвор, нивниот колега Бобек Шуклев доби две години затвор, демонстраторот Драган Денковски доби условна казна од две години, а професорот Стојан Дебарлиев е ослободен од обвинението; - Кривичниот суд (Фото: СДК.МК)

    Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беа изречени пресудите за четиримина професори и еден демонстратор од Економскиот факултет при УКИМ, кои беа обвинети за примање мито од студентите за преодни оценки во судскиот процес „Еразмус“. Професорите Славе Ристевски и Драге Јанев добија по две и пол години затвор, нивниот колега Бобек Шуклев доби две години затвор, демонстраторот Драган Денковски доби условна казна од две години, а професорот Стојан Дебарлиев е ослободен од обвинението.

    Осудените добија и забрана за вршење дејност од 10 години.

    „Имајќи ја предвид природата на кривичните дела кои на обвинетите им се ставаат на товар, улогата на обвинетите во образовниот процес, се отвара прашањето за општествената одговорност, свеста и обврската која сите ние ја имаме со цел заштита на угледот на сегашните и идни генерации академски граѓани, и на тој начин да изградиме здраво општество со јасни вредносни критериуми“, рече судечкиот совет.

    Обвинетите Шуклев и Ристески беа обвинети за примање примање награда за противзаконито влијание, Дебарлиев за злоупотреба на службената положба и овластување, а демонстраторот Денковски за давање поткуп.

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) поднесе обвинителен акт против шест лица во декември 2016, за дела извршени во 2015 и 2016.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира