ДОНАЛД ТРАМП, ТЕ САКАМЕ, ПОРАЧАА ДЕМОНСТРАНТИТЕ ПРЕД ДИК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДОНАЛД ТРАМП, ТЕ САКАМЕ, ПОРАЧАА ДЕМОНСТРАНТИТЕ ПРЕД ДИК

    Неколку стотини приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ трет ден се собрани пред седиштето на Државната изборна комисија, за, како што велат, да не им биде украдена победата на изборите, овојпат со транспаренти против американскиот амбасадор Џес Бејли, но и за поддршка на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп. „Бејли, тргни ги рацете од Македонија“ и „Доналд Трамп, те сакаме“ беше напишано на двата големи транспаренти, што ги носеа поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ пред зградата на поранешна „Нова Македонија, каде е сместена ДИК.

    Пред насобраните граѓани, денеска, меѓу другите се обрати и министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска, која му порача на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека не може да дојде на власт со уништување, палење на државни институции и со поделби.

    Државната изборна комисија денеска, со час и половина задоцнување, ја почна седницата на која се разгледува последниот приговор од коалицијата предводена од СДСМ за избирачкото место 2011, општина Теарце, во ИЕ 6, на кое на почетокот на гласањето недостигало гласачко ливче со сериски број, а по пребројувањето тоа ливче е најдено во кутијата.

    Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, речиси час и половина по почетокот на седницата побара да се повикаат членовите претседателите и замениците на избирачкиот одбор и на општинскиот изборен одбор за да бидат дополнително сослушани. Предлогот беше прифатен со шест гласа „за“ и три „против“, по што со ист број на гласови се одлучи истовремено да се донесе целиот избирачкиот материјал и да се утврди каде исчезнал записникот број 15, на кој наводно има изјава која е во прилог на приговорот. Додека се донесе избирачкиот материјал и членовите на одборите, ДИК ќе прави пауза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира