ДОВОЛНО Е ДА СЕ ЗНАЕ ДЕКА СЕКАДЕ ЌЕ ИМА ПОЛИЦИЈА ЗА НОВА ГОДИНА, ВЕЛИ СПАСОВСКИ

    ДОВОЛНО Е ДА СЕ ЗНАЕ ДЕКА СЕКАДЕ ЌЕ ИМА ПОЛИЦИЈА ЗА НОВА ГОДИНА, ВЕЛИ СПАСОВСКИ„Празнувјате одговорно“ е годинашно мото на властите. (Фото: К. Попов)

    За време на новогодишните празници и за Нова година, секаде и во секој момент ќе имаме полициски служби кои ќе проверуваат дали се почитуваат одлуките за заштита од ковид-19, рече денеска министерот за внатрешни работи.

    „Имаме акционен план за празничната ноќ, кој ѝ е потребен на полицијата и тоа е доволно што треба да се знае. Секој кој нема да ги почитува мерките, ќе се соочи со кривична пријава затоа што се нарушува здравјето на граѓаните“, кажа Спасовски, кој со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска присуствуваа на отворањето на стрелиште за потребите на специјалните единици на МВР и Армијата.

    Спасовски додаде дека вчера била растурена приватна забава во викендица во скопското село Волково и дека се приведени 29 лица. Пред неколку дена, исто така беше растурена забава во центарот на Скопје, а приведени беа 13 лица.

    За вчерашниот случај кога беше идентификувано и казнето so одземање на колата лицето кое возеше на новата велосипедска патека долж булеварот 8 Септември во Скопје, Шеќеринска кажа дека Владата работи на тоа да казните зависат од приходите на граѓаните.

    „Во програмата на Владата за вториот мандат, најавивме дека казните да се формираат на тој начин да бидат процент од приходите и имотот на прекршителот, за да може да ја почувствува казната. Еден од коментарите за лицето кое со ‘бентли’ влета на Плоштадот Македонија беше дека на лице кое вози таква кола не му е проблем казната од 45 евра. Тоа е голем проект на кој работи Владата од повеќе аспекти“, кажа Шеќеринска.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира