Пред истекот на работното време, денеска во архивата на Собранието 17 пратеници ги повлекле потписите од иницијативата за гласање доверба на Владата поднесена во понеделникот. Ситуацијата е следна: Иницијативата останува во живот, 17-мината пратеници се повлекле само од потписници, за да не бидат заедно на ист список, а сите притоа ќе гласале за недоверба на Владата.
Нова иницијатива не беше поднесена, ниту пак беше повлечена единствената, со потпис од 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алијанса, Алтернатива и Левица. За да се повлече, треба повторно да се потпишат сите 61 пратеник што се на неа. Ова решение на потписниците на инцијативата го постигнал откако пратеникот Скендер Реџепи-Зејд од Алтернатива рече дека ќе го повлече својот потпис меѓу поднесените 61, бидејќи му беа проблем потписите на двајцата пратеници од Левица.
Утре почнува седницата за Барање за гласање доверба на Владата.
По повлекувањето на дел од пратениците потпишани на иницијативата, претседателот на Алтернатива Африм Гаши попладнево на прес-конференција рече дека тој и уште тројцата пратеници од негова партија утре ќе гласаат за недоверба на владата.
Тој додаде дека не треба да има брзи избори, туку нова влада избрана од актуелниот парламентарен состав.
С. К. ДЕЛЕВСКА