ЕДЕН ЧАС СЕ ЧЕКА НА ЕВЗОНИ ЗА ИЗЛЕЗ ОД ГРЦИЈА КОН МАКЕДОНИЈА

    ЕДЕН ЧАС СЕ ЧЕКА НА ЕВЗОНИ ЗА ИЗЛЕЗ ОД ГРЦИЈА КОН МАКЕДОНИЈАНа грчкиот граничен премин Евзони за излез според изјави на патници се чека по еден час.(Фото: СДК.МК)

    Заради враќање од годишните одмори во Грција, вчера и денес  зголемена е фрекфенцијата на патници на македонско-грчката граница на граничниот премин  Богородица. За влез и излез од земјава нема поголеми задржувања, што не може да се каже на грчкиот премин Евзони, каде според изјави на патници се чека по еден час.

    Во текот на вчерашниот ден според информациите од командирот на ГП Богородица Миле Тошев, за влез и излез од земјава регистрирани се 21.300 патници од кои 9.000 македонски државјани. За влез пак повеќето се државјани од Србија и земјите од Европската унија кои се враќаат од одмор во Грција.

    Од синоќа на полноќ до денеска до 13 часот низ граничниот премин Богородица поминале околу 12 илјади патници, повеќето за влез во земјава. Командирот  Тошев вели дека  за влез и излез  се чека од 10 до 15 минути и во зависност од ситуацијата се отвараат сите гранични ленти за пасошка и царинска контрола

    „Очекуваме поголема гужва во вечерните часови бидејки освен европските држајани кои го завршиле одморот, се очекува да се вратат и македонските граѓани кои користат викенд или еднодневен престој  во соседна Грција“ изјави Тошев.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира