ЕДЕН МРТОВ И ЕДЕН ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО ПРЕСТРЕЛКА НА „РУЗВЕЛТОВА“ ВО СКОПЈЕ

    ЕДЕН МРТОВ И ЕДЕН ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО ПРЕСТРЕЛКА НА „РУЗВЕЛТОВА“ ВО СКОПЈЕПо пукањето, едно од возилата што учествувало во престрелката удрило во паркирани возила. На возилото се гледаат траги од куршуми. (Фото: СДК.МК)

    На улицaта „Рузвелтова“ во Скопје околу еден часот по полноќ се случи вооружена престрелка во која според очевидци, едно лице е убиено, а друго е тешко повредено.

    До престрелката дошло кога во возење, од еден автомобил непознати лица со рафали пукале во друг. Од полицијата сè уште нема официјална информација за убиството.

    Во моментов на „Рузвелтова“ има многу полиција. Улицата е затворена за сообраќај од „Партизанска“ до „Орце Николов“, а пристапот до местото на крвавиот настан е оневозможен.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира