ЕУ БАРА НОВО ПРЖИНО

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Виена,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕУ БАРА НОВО ПРЖИНО

    Европската унија ги повикува сите партии итно да се вратат на преговарачката маса и да ги имплементираат преземените обврски за реформа меѓу кои и оние за подготовка на веродостојни избори, во интерес на сите граѓани, пред малку соопшти Мисијата на ЕУ при Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.

    Ова е важно за да се задржи земјата на евроатлантскиот пат, стои во соопштението од Виена.

    „Европската унија ја дели загриженоста за најновиот развој на настаните во Македонија. Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против неказнивост. Наспроти ова, одлуката од вторникот на претседателот Иванов да ги запре кривичните истраги против бројни функционери предизвикува сериозна грижа“, се вели во соопштението и се додава:

    „Одлуката не е во согласност со Договорот од Пржино ниту со владеењето на правото. Таа ја попречува работата на Специјалниот обвинител и многу ќе го отежнува наоѓањето одржливо решение за политичката криза“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари