ЕУ НЕ ВЕРУВА ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО СТАБИЛИЗИРА ЈАВНИОТ ДОЛГ ДО 2019 ГОДИНА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕУ НЕ ВЕРУВА ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО СТАБИЛИЗИРА ЈАВНИОТ ДОЛГ ДО 2019 ГОДИНА

    Во есенската прогноза за економијата, Европската комисија во делот за Македонија изразува неверување во владините планови за стабилизирање на јавниот долг до 2019 година. Комисијата смета дека плановите на владата за фискална консолидација стануваат сѐ понеостварливи со оглед на неприменувањето на утврдените мерки и повторувањето на фискални отстапувања.

    По забелешката дека буџетот годинава претрпе два ребаланси, мотивирани од понискиот раст од проектираниот како и одлуката да се обезбедат 35 милиони евра за помош на поплавените, Комисијата вели:  

    „Како резултат на тоа, првично планираниот дефицит со Буџетот за 2016 порасна за 0,8 процентни поени, на 4% од БДП. Меѓутоа, бидејќи некои дополнителни трошења се префрлени во 2017, дефицитот може да биде помал. Владата планира да го намали буџетскиот дефицит на 2,2% до 2019. Ова изгледа нереално во отсуство на конкретните мерки за намалување на дефицитот. Со задржување на зголемени задолжувања, стабилизацијата на јавниот долг во предвидениот рок малку е веројатна”, стои во извештајот за Македонија.

    Комисијата забележува дека економскиот раст забави во првата половина од 2016 поради продолжената политичка криза.

    „Се очекува раст на инвестициите во 2017 и зголемување на потрошувачката на домаќинствата, доколку заврши политичката криза”.
    Колебањето на некои потенцијални странски инвеститори се поврзува со политичката неизвесност, а измените во оданочувањето на задржаната добивка се сметаат за веројатна причина за одлив на приходите на инвеститорите. Споменато е и намалувањето на приватните трансфери од странство.

    „Состојбата на пазарот на труд веројатно ќе се подобрува, но побавно. По изборите ќе се намалат владино-спонзорираните програми за вработување”.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира