ЕУ СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ТРЕБА ДА СЕ ОБНОВАТ ОТИ СЕ НАПРАВЕНИ ЛАЖНИ ЗА ПРИМЕНА ВАКЦИНА ВО МАКЕДОНИЈА

    ЕУ СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ТРЕБА ДА СЕ ОБНОВАТ ОТИ СЕ НАПРАВЕНИ ЛАЖНИ ЗА ПРИМЕНА ВАКЦИНА ВО МАКЕДОНИЈАНе станува збор за генерирање или повлекување од употреба на Националниот сертификат за вакцинација, туку за генерирање на ЕУ сертификатот кој исто така може да се преземе на vakcinacija.mk како и CommonPass.(Фото: СДК.МК)

    Граѓаните кои имаат ЕУ сертификат за вакцинација треба да го обноват бидејќи се појавиле лажни. Како што велат од Министерството за здравство, станува збор за безбедносен протокол за да се спречи користење на лажни ЕУ сертификати, со лажни имиња и лажни податоци. Не станува збор за генерирање или повлекување од употреба на Националниот сертификат за вакцинација, туку за генерирање на ЕУ сертификатот кој исто така може да се преземе на vakcinacija.mk како и CommonPass.

    „Сите земји што имплементирале EUDCC се соочуваат со постојани напади на нивните системи од трети, малициозни страни. Меѓу нив е и Република Северна Македонија. Како дел од ваков напад на систем, на 28.10.2021, трети страни успеале да изгенерираат четири лажни ЕУ сертификати, со лажни имиња и лажни лични податоци, а на сертификатот пишувало  дека истите примиле вакцина во Република Северна Македонија. Во лажните ЕУ сертификати не беа напишани имиња и податоци на наши државјани. Личните податоци на нашите граѓани се безбедни и нивната сигурност не е нарушена, а воедно, безбедноста на системите е зголемена и активно се следи и подобрува, што придонесува во иднина да се избегне ваков случај“, велат од Министерството за здравство.

    Од Министерството за здравство велат дека се во постојана комуникација со тимовите за сајбер безбедност што ја поддржуваат инфраструктурата на EUDCC, ангажирани од Европската комисија. Со цел поништување на лажните сертификати и обезбедување на зголемена заштита,  сертификатите на граѓаните на Република Северна Македонија се одново генерирани.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира